Македонија
24. November 2018 - 16:57

Три илјади евра за четири часа собрани од несовесните возачи кај Сити Мол

26 возачи биле казнети поради сообраќајни прекршоци, а 21 автомобил биле подигнати со “пајак”. За само четири часа, сообраќајната полиција отстранувајќи ги  непрописно паркираните моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје, успеала да го зголеми буџетот за над 3000 евра.  

Седум казни биле пишани поради паркирање на возила на коловоз, а исто толу и за оставање на автомобилот на тротоар и зеленило. 12 VOZACI биле казнети поради тоа што своите автомобили ги паркирале на автобуско стојалиште.

Граѓаните од околните згради велат дека на нивните паркинзи можело да се видат автоболи со регистарски таблички од многу градови од нашата земја. Револтирани, велат дека им било потребно и до еден час да стигнат во своите домови.

Тие сметаат дека решение на ваквиот проблем треба да најдат општинските власти.

Светски познатата акција “Црн петок”, преку која можете да купите производи по значително пониски цени ќе трае и викендов. Бидете внимателни каде го оставате автомобилот, за направената заштеда да не ја потрошите на казна за непрописно паркирање.