Три години затвор за непочитување на кинеската химна и знамето
Кинеските власти ја разгледуваат можноста за воведување казна затвор од три години за оние кои во јавност покажуваат непочитување на кинеската химна и на знамето.
Кинеските медиуми пренесуваат дека во иднина ќе биде забрането интонирање на химната напогреби, во реклами, на несоодветни приватни настани, како и на јавните места.
Според новиот закон, и намерното менување на текстот на „Маршот на волонтерите“ ќе се смета за непочитување на кинеската химна.
Интонирање на химната ќе биде дозволена само за време на важни политички настани, на церемонии за подигнување на знамето, при доделувањето награди, на свечено положување заклетви, комеморации, национални прослави, како и за дипломатски прилики. За спортските и другите настани, Владата ќе оцени дали е соодветно да биде интонирана химната.
Во септември во Кина беше донесен закон, со кој се предвидува 15-дневен притвор за оние кои се потсмеваат на националната химна, а тоа исто така важи и за кинеските територии Хонг Конг и Макао.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто