Три аудиции за првиот мјузикл за деца во Македонија

Театарот за деца и младинци го подготовува за првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, музика за деца компонирана од Александар Џамбазов и во режија на Виолета Џолева. Музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.
Директорката на Театарот за деца и младинци Катарина Илиевска Силјановска на денешната прес-конференција истакна дека во овој мјузикл ќе играат и пејат деца. За таа цела ќе има аудиција за талентирани деца на возраст меѓу девет и 13 години, кои знаат да пејат и имаат актерски талент. Аудииците ќе се одржуваат во Детскиот културен центар „Карпош“ на 21 септември од 17 до 20 часот, на 22 септември од 12 до 17 часот и на 23 септември од 12 до 17 часот.
Џолева нагласи дека ова е прв македонски мјузикл кој треба да биде спектакл и се размислува за просторот каде ќе се изведе. Најверојтно ќе се игра на големите сцени во Македонскиот народен театар или во Македонската опера и балет.
- Со нашиот мјузикл почнавме да работиме и првата фаза е готова, тоа е драматуршката адаптација. Од еден обичен драмски текст и опус од 15 песни кои сега се реанимирани, обновени и ние сме подготвени да почнеме да работиме, рече Џолева.
Таа посочи дека на аудицијата се бараат претежно момчиња, кои ќе ги играат главните улоги во музиклот и ќе работат заедно со актерите од Театарот за деца и младинци.
- Нашата идеја е во Македонија, во неколку сезони, овој мјузикл да биде на репертоарот и да можат децата од целата држава да доѓаат организирано, школски и да видат една нова театарска форма која не е вообичаена кај нас, рече Џолева.
Педагогот Софија Гогова Врчаковска која со години работи со децата од Детското драмско студио во МТВ смета аудициите се шанса за добрите и талентирани деца, без да плаќаат.
- Да допреме до децата кои имаат бескрајно многу дарба, рече Гогова Врчаковска.
Композиторот Александар Џамбазов зборуваше за македонското музичко творештво за деца и потенцира дека Џолева со години размислувала за да го направи овој мјузикл.
Ново на Сител
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
