-->
-->
Тренов: СДС и Заев ниту едно ветување кон земјоделците не го исполнија
-->
СДС и Зоран Заев се што ветија излажаа. Ниту едно ветување кон земјоделците тие не го исполнија. Им ветија зголемини субвенции, а Зоран Заев најави дека истите ќе се кратат. Им вети загарантиран откуп на нивниот приозвод, а гледаме дека земјоделците својот род се приморани да го фрлаат по ѓубриштата или да го продаваат по багателна цена, изјави Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека Зоран Заев и Љупчо Николовски пред парламентарните избори им ветуваа на оризопроизводителите дека нивниот род ќе има загарантиран откуп по цена од 25 денари оризова арпа и 50 денари бел ориз.
-Денес кога оризопроизводителите треба да го продадат својот род се соочуваат со слаб откуп и многу пониски цени за него од она што Заев и Николовски го ветуваа пред изборите. Земјоделците по кои знае кој пат се излажани и изманипулирани од страна на СДС за некој политички поен. Дали ова е начинот на кој СДС кажуваа дека ќе се грижат за земјоделците и дека земјоделците ќе им бидат приоритет кога ќе дојдат на власт. Зоран Заев и СДС единствено што направија во овие 4 ипол месеци е само укинување и ниту една нова мерка за земјоделците која ќе им биде од полза, вели Тренов.
Тој истакнува дека сето ова граѓаните го видоа. Ваквата политика на СДС и Зоран Заев ќе биде делигитимирана на 15-ти октомври. Земјоделците заслужуваат подобри услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо