Бизнис
4. August 2020 - 16:07

Треневски: Добро е што приходите растат, но рано е да се зборува за заживување на економијата

Рано е да се зборува за заживување на економијата и покрај растот на приходите во јули. За експертите, добро е што минатиот месец, за прв пат од стартот на  корона кризата е забележан раст на приходите во буџетот, но неизвесноста продолжува  посебно затоа што собраните пари се и натаму помалку од лани,  а дупката во буџетот расте.
 
„Треба да имаме предвид дека се уште имаме околу 9,5 до 10% пад на приходите, а во јули растот на расходите изнесува над 11%. Значи дупката е прилично сигнификантна, а јавниот долг веќе надмина 59%. Значи, добар сигнал е дека падот е помал односно дека имаме благо зглемување на определени даночни приходи. Но, бројот на заболени од Ковид и натаму расте, се зборува за втор бран, така што неизвесноста продолжува“, вели за Сител универзитетскиот професор, Борче Треневски.
 
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова