Трамп собира пари за избори: Донатор на 250.000 долари добива вечера со него
Поимотните поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него за суми кои достигнуваат и до 250.000 долари, а собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува Гардијан.
Акцијата за собирање пари, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на имотот на Трамп во Палм Бич, Флорида, пишува британскиот весник.
Организацијата која собира пари за неговата кандидатура супер ПАЦ испрати покани до сите потенцијално заинтересирани.
„Иако на настанот ќе присуствуваат републикански кандидати за Конгресот, собраните пари ќе бидат искористени исклучиво за супер ПАЦ на Трамп“, пишува Гардијан.
За 250.000 долари (125.000 по лице), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да останат две ноќевања на неговиот имот на Флорида.
За 100.000 долари тие добиваат фотосесија со Трамп, но ќе вечераат со поддржани кандидати за Конгресот, а не со поранешниот претседател.
За 50.000 долари гостите ќе добијат вечера, фотографија со поддржани кандидати, а за 5.000 долари се добива само присуство на вечера., додава Гардијан.
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини