Свет
8. September 2016 - 10:21

Трамп: Путин е многу подобар лидер од Обама

Кандидатот на републиканците за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е многу подобар лидер отколку неговиот американски колега Барак Обама.

Оваа изјава Трамп ја даде за време на интервју, во кое тој и демократскиот кандидат Хилари Клинтон одговараа на прашања од областа на националната безбедност.

- Путин има многу силна контрола над земјата, истакна Трамп. Во прашање е различен систем и јас тој систем не го сакам, но тој, (Путин) во тој систем е подобар лидер од нашиот претседател, објасни Трамп.

Републиканскиот кандидат уште оцени дека под раководството на Обама и Клинтон генералите се ослабени до „ниво срамно за земјата“.