Свет
31. October 2017 - 18:17

Трамп нема да ја посети демилитаризираната зона во Јужна Кореја

 Претседателот на САД Доналд Трамп нема да ја посети демилитаризираната зона за време на посетата на Јужна Кореја следната недела.

- Претседателот нема да ја посети демилитаризираната зона, нема доволно време, изјави висок претставник на американската Администрација.

Посетата на Трамп на Јужна Кореја се реализира во момент кога постои голема затегнатост во односите меѓу САД и Северна Кореја поради  нуклеарните тестови на Пјонгјанг.