Свет
6. October 2017 - 8:38

Трамп: Иран не го почитува духот на нуклеарниот договор

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Иран не го почитува духот на нуклеарниот договор, склучен со големите сили, и рече дека наскоро ќе открие својата одлука за тоа дали ќе го потврди потписот на САД под тој документ.

- Не смееме да дозволиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје, изјави Трамп на состанокот со високи претставници на Белата куќа.

- Иранскиот режим поддржува тероризам и извезува насилство, крвопролевање и хаос низ целиот Блиски Исток. Затоа мора да ставиме крај на континуираната агресија и нуклеарни амбиции на Иран. Тие не ги почитуваат духот на договорот, додаде американскиот претседател.

На прашањето дали донел одлука за да го потврди или отфрли иранскиот нуклеарен договор, Трамп возврати: Ќе слушнете за Иран наскоро.