Свет
4. October 2022 - 8:42

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара 475 милиони долари отштета

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара отштета од 475 милиони долари.    

Во својата тужба поднесена до судот во Форт Лодердејл, Флорида, Трамп тврди дека Си-Ен-Ен го искористил своето значително влијание за да го порази политички. Од медиумската куќа се уште не се изјасниле за тужбата. Поранешниот републикански претседател на 29 страници од тужбата пишува дека Си-Ен-Ен долго време го критикува, но дека интензивирале во последните месеци бидејќи планира повторно да се кандидира на изборите во 2024 година.

Во документот се наведуваат примери во кои Си-Ен-Ен го споредува Трамп со Хитлер, вклучително и прилог од јануари 2022 година на Фарид Закарија, кој вклучува снимки од поранешниот диктатор.