Свет
26. July 2017 - 8:16

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ќе има „големи проблеми“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран треба да ги почитува условите од договорот за нуклеарната програма инаку ќе има „големи проблеми“.

– Ако тој договор не се почитува така како што треба, ќе има големи проблеми за нив. Можам да ве уверам во тоа. Верувајте ми, изјави Трамп на митинг во државата Охајо.

Американскиот претседател не прецизира што точна има предвид. Претходно, тој имаше средба во Вашингтон со либанскиот премиер Саад Харири кому му вети продолжување на поддршката.