Македонија
31. October 2016 - 12:54

Тракторист тешко повреден во сообраќајка во Битола

Вчера во 14.00 часот, во атарот на с.Рамно, битолско, П.Г., управувајќи трактор, се превртел при што се здобил со тешки телесни повреди.
 
Истиот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде бил задржан на лекување.
 
Увид на местото на настанот ќе се врши на 31.10.2016 година.