Трагедија во Прилеп: Загина двегодишно дете
Црн петок во Македонија, уште една трагедија се случи вчера, двегодишно дете од Прилеп почина на пат кон болница. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 09.30 часот во с. Десово–Прилеп, во дворот од семејната куќа на А.Ф., двегодишното дете Х.Ф. влегло во помошен објект во изградба, при што од засега непознати причини врз него паднал преградниот ѕид. Таткото А.Ф. и неговите браќа Е.Ф и Ш.Ф. го извадиле детето од урнатините и со сопствено возило тргнале кон Прилеп, за да му се укаже медицинска помош. Попатно, на влезот во градот пресретнале возило на Итна медицинска помош, побарале интервенција, но екипата на Итна медицинска помош констатирала смрт кај детето. Заедно со персоналот на Итна медицинска помош, детето е вратено во с. Десово, каде увид извршила екипа од надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп. Со одобрение на Јавен обвинител , телото е предадено на семејството.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност