Македонија
13. April 2021 - 10:56

Трагедија во Кичево: Почина 30-годишно момче

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина во Кичево на својата фејсбук страница сподели тажна вест, за нивниот млад сопартиец Даниел Ангелески кој имал само 30 години.

„Со огромна тага и неверување ја примивме веста дека нашиот драг другар и сопартиец Даниел, не е веќе меѓу нас.

Премногу рано, загубивме другар за пример, човек со големо срце и шарм.

Ние сме ти бескрајно благодарни на твојот несебичен придонес. На семејството Ангелески му изразуваме длабоко и најискрено сочувство.

Нека те чуваат ангелите.

Почивај во мир и вечна ти слава” – стои во објавата.