Балкан
11. February 2017 - 17:34

Трагедија: Осумгодишно дете загина во сообраќајка, мајката тешко повредена

Осумгодишно дете загина денеска околу 13 часот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на Ибарската магистрала, во метото Бари меѓу Краљево и Рашка.

Мајката на детето чиј идентитет се уште не е сооопштен е тешко повредена во оваа сообраќајка и со скршеници на градниот кош, рацете и колената.е префрлена во општата болница во Краљево и е витално загрозена.

 

Според изјавите на лекарите од болницата во Краљево, детето во болницата е примено со повреди на главата и десната натколеница, немал пулс и иако реанимацијата траела 45 минути, не успеале да го спасат животот на детето.

Се уште нема точни информации како дошло до сударот. Се знае само дека мајката и детето кое починало се наоѓале во патнички автомобил кој се судрил со товарно возило.

Мајката и детето најверојатно се од подрачјето на Рашка и веднаш по сударот со итна помош се префрлени во болницата во Краљево но и покрај напорите на лекарите детето не е спасено.

Сообраќајот на овој дел од Ибарската магистрала бил во прекин неколку часа додека траел увидот на полицијата.