Трагедија кај Урошевац: Пронајдено обесено тело на дете (13) во близина на семејната куќа, родителите пријавиле во полиција
Дете од 13 години во раните утрински часови во вторникот е пронајдено обесено во близина на својата семејна куќа во селото Сојево во општина Урошевац.
Случајот сега го истражуваат полициските инспектори од Косово. Врз безживотното тело на 13-годишното дете е извршена обдукција и е предадено на семејството за погреб.
Денеска во текот на денот ќе се изврши погребот на детето, кое на трагичен начин се обесе пред својата куќа.
Семејството кое го пронашло, повикало полиција која сега го истражува случајот.
„Денеска околу 18.30 часот е пронајдено 13-годишно дете за кое постои сомневање дека се обесило. Семејството случајот го пријави во полиција, а докторски тим констатираше смрт. Жртвата е од село Сојево во општината Урошевац. Телото на жртвата е предадено на семејството за да се извршат погреб“, изјаво за Газета Експрес Басри Шабани, поручник од станицата на Регионалната полиција во Урошевац.
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9