Македонија
25. December 2018 - 22:50

Трагедија кај Катланово - едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа

Вечерва на автопатот Скопје- Велес на приклучокот кај Катланово од стариот пат, возило Хонда со скопски таблици излетало од патот во каналот покрај патот, дознава Centar.mk.

Пореталот пренесува дека во несреќата има еден загинат.

Констатирана е смрт кај возачот на возраст од 72 години неофицијално дознава Centar.mk.