Македонија
12. July 2017 - 13:12

Трагедија ја потресе Македонија: Загина параглајдерист

Трагедија се случи во Македонија кога во текот на вчерашниот ден во 18 часот, од страна на В.Б. инаку организатор на летање со параглајдери и змаеви, е пријавено дека еден од учесниците и тоа  унгарски државјанин, при летање удрил во далековод, паднал во селото Мусинци -Новаци.
 
 
Се работи за 50-годишниот Ф.Б. кој за жал починал на лице место.
 
Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.