Македонија
19. March 2017 - 12:55

ТРАГЕДИЈА: Исчезнат битолчанец пронајден мртов

Шеесет и осум годишниот М.Ј. од Битола кој на 12-ти овој месец беше пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов.
 
Од полицијата денес информираат дека лицето било пронајдено починато вчера околу 12:30 часот на улицата „Партизанска“ во Битола.
 
Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.