Македонија
11. April 2019 - 17:06

Трагедија: Додека биле на свадба им се удавило 5-годишното девојче

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на стариот пат за с.Батинци, скопско, петгодишно девојче, додека играло со други деца, а нејзините родители присуствувале на свадба, паднало во Маркова река.

Лекар од ИМП констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.