Балкан
21. November 2015 - 19:00

Трагедија: 14-годишната Ангела се прости од мајката и братот

Наташа Арсиќ (36) и нејзиниот син Алекса (12) кои загинаа во сообраќајна несреќа во саботата на автопатот се погребани вчера на гробиштата во село Вољавче кај Јагодина.

Мајката и синот ги испратија многуте соседи, пријатели и роднини од Косово, како и другарите на Алекса од училиштето, а на погребот присуствуваше и ќерката на Наташа, 14-годишната Ангела која во сообраќајката беше полесно повредена и по еден ден поминат во болница е пуштена дома. Таа плачејќи покрај ковчезите, се прости од мајката и помладиот брат. Ужасната тишина ја параше вресокот на мајката на Наташа, Слободанка Марковиќ која леелкаше над гробот на ќерката: „Не ја спуштаје во гроб, вратете ја кај мајка си..“, лелекаше и плачеше неутешната жена.

Ispraćaj... Sahrana majke Nataše i sina Alekse

Во страотната несреќа тешко се повредени и сопругот на Наташа Бобан (37) и нејзиниот постар син Радован (16). Таткото и синот се сместени во болницата во Ќуприја и се приклучени на апарати.

-Состојбата на таткото и синот е тешка, не смееме да даваме прогнози. Радован излезе од кома, но неговата состојба е тешка. Бобан исто така има повреди на главата. И двајцата се на апарати за одржување на виталните функции, рече хирург од болницата.

Се уште не се знае како дошло до несреќата, но досегашната истрага покажа дека немало траги на кочење ниту контакти со други возило. Хјундаито со кое управвуал Бобан Арсиќ ја пробило заштитната ограда и се превртело. Од возилото излетале сите освен Ангела. Семејството Арсиќ тргнало кон роднини на Косово на прославата на Митровден.

Комеморација во училиштето

Во основото училиште „Рада Миљковиќ“ каде младите Арсиќи одат на училиште се одржа комеморација.

-Го изгубивме Алекса, неговата мајка Наташа, а се надеваме дека неговиот татко Бобан и братот Радован, успешно ќе се опорават, рече директорот на училиштето. Целото одделение на Алекса носеше маици со неговиот лик.