Фудбал
9. March 2016 - 10:37

Тоти: Ова ќе биде фантастично сеќавање

Легендата на Рома, Франческо Тоти не го криеше своето задоволство од приемот на кој наиде на стадионот на Реал Мадрид, во финишот на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите.
 
Тоти ги одигра последните петнаесетина минути, а неговот влегување на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ беше дочекано со овации од навивачите на Реал.
 
- Во тој момент ми проработија емоциите. А, како може да биде поинаку. Сигурно ова ќе биде едно фантастично сеќавање. Громогласните аплаузи од навивачите на Реал и нивната благодарност се потврда дека сепак нешто сум оставил во фудбалот, истакна Тоти.
 
Реал ја победи Рома со 2:0 и со вкупни 4:0 обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите, а за Тоти ова најверојатно беше последен настап во елитното натпреварување.