Џет-Сет
29. July 2018 - 11:15

Тони Цетински се прости од Оливер: Те сакав како татко, сега имам голема празнина - бакни го Тоше и запејте една за сите времиња

Оливер Драгоевиќ, еден од омилените и најпопуларните хрватски пејачи ја изгуби битката со тешката болест, рак на белите дробови на 71-годишна возраст. 
 
Многумина колеги беа шокирани од веста за смртта на Оливер, еден од нив беше Тони Цетински кој преку социјалните мрежи се прости од својот драг колега.
 
- Драги мој. Ништо повеќе нема да биде исто по твоето заминување драги наш Оливер. Сите твои шеги и глупости на кои се смеевме како деца се моменти кои никогаш нема да ги заборавам. 
Морам да ти признаам  дека те сакав како да си ми татко, а по душа понекогаш ми беше и како помлад брат. Од тебе најмногу учев бидејќи и од тебе најмногу добивав. 
Ти им даваше на луѓето и пријателите и не се штедеше во тоа. Во тие дела лежи уште една од тајните на твоето постоење и работа. 
 
Отсекогаш си бил доказ дека не е доволно да се биде врвен уметник туки и ЧОВЕК и поради тоа имаш големо БЛАГОДАРАМ. 
 
Длабока болка во прстите и голема празнина во мислите има во мене. Песните кои ни ги остави сега се единствена утеха. искрено сочуство до целото семејство. Неизлечлива болка.
 
Те сакам и секогаш ќе те сакам. 
 
PS: Те молам само уште за едно
 
Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња. И на него ти му беше пример и пат кој треба да се следи.