Loading Video...
Кошарка
30. October 2018 - 13:25

Томпсон постави нов НБА рекордер во тројки

Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон, постави нов рекорд на уфрлени тројки на еден натпревар, откако ноќеска на дуелот против Чикаго, Томсон реализира дури 14 прецизни шута за три поени 
 
Актуелниот шампион Голден Стејт славеше победа со 149:124, а Томпсон натпреварот го заврши со 52 поени.
 
Со 14-те тројки, тој го сруши досегашниот рекорд на неговиот клупски колега Стеф Кари, кој пред две години на еден меч постигна 13 тројки
 
На останатите натпревари одиграни синоќа беа постигнати овие резултати.
Индијана - Портланд 93:103
Филаделфија - Атланта 113:92
Мајами - Сакараменто 113:123
Њујорк - Бруклин 115:96
Милвоки - Торонто 124:109
Минесота - ЛА Лејкерс 124:120
Сан Антонио Далас 113:108
Денвер - Њу Орлеанс 116:111