Бизнис
8. јуни 2017 - 20:05

Тевдовски: Ќе има пари за плати и поврат на ДДВ, целта е да се вбризгаат повеќе пари во стопанството за поголем економски раст

Да се вбризгаат што повеќе пари во стопанството за економијата да се раздвижи. Ова е главното мото на министерот за финансии Драган Тевдовски. Во тој правец се и потезите што ги влече во првите работни денови. Само по основ на поврат на ДДВ во стопанството се вратени над 2,2 денари. Плус исплатени се и пензиите, субвенциите и студентнските стипендии.

Платите нема да се намалуваат, придонесите нема да растат. Во однос на даночните политики, Тевдовски вели данокот на добивкаќе остане ист, за персоналецот се размислува, а можно е да има повисока стапка кај данокот на имот односно кој има повеќе ќе плаќа повеќе.

На дезвината сметка на државата резрвирани се 209 милиони евра за враќање на долгот кон странство. Колкав е долгот дома ќе се знае дури откако сите буџетски корисници ќе ги пријават доспаените, а ненаплатени побарувања.

За финансирање на тековните расходи ќе мора да има задолжување и тоа најверојатно ќе биде од домашните банки.

Ребаланс ќе има најдоцна до есен, во него ќе биде вкалукирано зголемувањето на минималната плата и сите проекти кои се значајни за граѓаните. Министерот Тевдовски живее блиску и на рабоита доаѓа пешки, се надева дека неговите колеги ќе го следат овој пример за да се намалат непродуктивните трошења на парите на граѓаните.