Македонија
26. јуни 2022 - 10:35

Тетово: 118 возачи фатени со ноќен радар

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 118 возачи, информира МВР.

- Од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место, додаваат од МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.