Македонија
2. November 2015 - 20:58

Тетовец баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан

 На граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга уапсен е македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

Според Полицискиот комесаријат од Корча, под чија надлежност е овој граничен премин, станува збор за 34-годишниот Б.З. од Тетово, кој е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол Загреб. 

На Б.З. од страна на Судот во Самобор му е изречена казна затвор во траење од осум години поради „финасиска измама“.

Приведениот е задржан во Полицискиот комесаријат во Корча од каде ќе биде екстрадиран во Хрватска.