Македонија
11. February 2018 - 8:38

Тешко повредена пратеничка на СДСМ

Во тешка сообраќајка на патот Демир Капија-Удово, во сообраќајка тешко е повредена пратеничка на СДСМ од Валандово.

Според информациите таа е итно пренесена во Ургентниот Центар во Скопје, со повреди на главата и телото.

Заедно со пратеничката е повреден и 30-годишен сопатник. Според неофицијални информации се работи за уште еден функционер на СДСМ.

До несреќата дошло кога автомобилот Опел Корса со кој управувал еден од повредените, налетал на одрон и се превртел.

Увидот на полицијата и Јавното обвинителство сеуште е во тек.