Македонија
22. January 2021 - 12:07

Тешко повреден велосипедист во Скопје

На 21.01.2021 во 14.30 часот, на кракот од крстосницата од булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Крсте Мисирков“ во Скопје, Г.Т.(42) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, удрил во велосипедист Н.А.(50) од Скопје. По незгодата Н.А. е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на незгодата.