Македонија
19. April 2021 - 11:21

Тешко повреден пешак во Тетово откако бил удрен од автомобил

Пешак со тешки телесни повреди бил пренесен во болница откако во него удрил автомобил со косовски регистерски таблички во Тетово.

-На 18.04.2021 во 18.30 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со косовски национални ознаки, управувано од Е.М.(24) од Тетово, удрило во пешакот И.Г.(39) од с.Блаце, информираат од МВР.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.