Loading Video...
Ракомет
30. November 2021 - 12:49

Тешко гостување за пелистерци во Лисабон

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ги очекува  тешко гостување кај Спортинг, во натпревар од 5.коло на ЕХФ Евроспката лига, кај тимот кој е лидер на табелата во Д групата.
 
Двете победи на последните две средби против АЕК во Атина и Татабања во Битола, секако се мотив повеќе за пелистерци да го продолжат трендот на позитивни резултати од три натпревари без пораз во европското натпреварување. 
 
Пелистерци ќе се обидат и да му се реваншираат на портигалскиот тим за двата порази во Лигата на шампионите пред две сезони. 
 
„Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот, а како и досега ќе играме на победа“ изјави Елмир  Граџан.
 
Мислењето на искусниот пивот го дели и  српскиот репрезентативец Немања Обрадовиќ.
„Имаме самодоверба и победничко чувство. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода“.
 
Потругалскиот тим е на првото место на табелата со бод повеќе во Пелистер па одтаму дуелот во Лисабон кој ќе започне од 20 часот и 45 минути со право го носи епитетот дерби на колово во оваа група, во која од 18:45 часот ќе се играаи и останатите две средби, Кадетени - АЕК и Ним - Татабања