Македонија
23. April 2018 - 10:29

Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско Прилеп - има повредени

 На автопатот  Неготино - Велес на околу 500 метри пред наплатна станица „Градско“ вчера околу 15 часот патнички автомобил марка „БМВ Х4“ со скопски регистарски броеви управувано од Г.Г. (74) изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, информираат од СВР Велес.

Портпаролот Верољуб Додевски соопшти дека при тоа со повреди се здобиле возачот и сопатничката кои со возило на Брза помош биле пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велес каде биле  констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, биле пуштени дома.

СВР Велес информира и дека синоќа во 20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ со струшка регистрација управуван од Д.Д. (61) од Струга и трактор марка  „ИМТ“  со кавадаречки регистарски  броеви  управувано од  Р.Р.(36) од Росоман.

- При несреќата со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно дете сопатници  од тракторот. Повредените се пренесени во ЈЗУ ОБ Кавадарци, информира Додевски