-->
-->
Тешка сообраќајна несреќа кај Маврови Анови - повредена жена
-->
Сообраќајна несреќа се случила вчера кај Маврови Анови, едно лице повредено. Како што информираат од полицијата, вчера околу 14.00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови патничко возило „Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.К.(80) од Гостивар, загубило контрола и излетало од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.К.(74 ), исто така, од Гостивар.
Таа била пренесена во болницата во Гостивар каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно