Македонија
2. October 2019 - 11:55

Тешка сообраќајна несреќа кај Македонски Брод - повредено едно лице

Несреќа на патот Кичево - Македонски брод, повреден велосипедист. Според информациите на МВР, вчера во 16.40 часот на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А6“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од М.Ф.(55) од Кичево и велосипед управуван од С.Л.(73) од Кичево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.