Македонија
21. July 2019 - 11:33

Тешка сообраќајка во Скопје - три лица повредени

На 21.07.2019 во 02.20 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, Д.Н.(52) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. и сопатниците М.Д.(48) од Скопје и Н.С.(33) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Љ.Д.(46) од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.