Македонија
25. February 2019 - 11:02

Тешка сообраќајка во Скопје - две лица итно пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Скопје. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 19.15 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, патничко „Шкода фелиција“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(51) од Скопје, излетало од коловозот. По незгодата, возачот З.Р. и сопатникот А.Н.(59) од Скопје со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде на А.Н. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на возачот му биле константирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.