-->
-->
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа
-->
На 26.05.2024 во 07.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од с.Коњух кон с.Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во р.Крива река.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од с.Марино. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино