-->
-->
Тешка сообраќајка на патот Велес-Штип
-->

На 09.08.2017 година околу 23:00 часот на магистрален пат Велес – Штип во близина на с.Сарамазлино се случила сообраќајна несреќа во која мопед управуван од С.П.(23) од Лозово се превртел. По несреќата С.П заедно со неговиот сопатник на мопедот - 16 годишно лице исто така од Лозово се пренесени во Медицински Центар Велес за укажување на медицинска помош, каде што кај сопатникот се констатирани телесни повреди, а на С.П. му е констатирана тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредата е пренесен и задржан на понатамошно лекување во Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје на КАРИЛ. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
