Македонија
13. November 2016 - 13:26

Тешка сообраќајка ја потресе Македонија

 
 
Страшна сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Берово – Делчево, кај м.в „Балбанци“. Во несреќата учествувале 26-годишниот И.М од Струмица со автомобил марка „Фиат Дукато“ со скопски ознака и 46-годишниот И.С од село Црник со  автомобил марка „„Фиат Пунто“ со штипски регистарски ознаки. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „Фиат Пунтото“ и соптаникот В,С (20) од село Црник. Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Штип од каде, по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредата В.С. бил пренесен во Клинички центар Скопје, а И.С. бил  задржан на лекување во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Делчево. Се работи на целосно расчистување на случајот.