Телеграма со сочувство по повод смртта на на проф. Мирчев од ЕЦПД
Извршениот директор на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од Обединети нации (ЕЦПД), академик проф. др Негослав Остојиќ испрати телеграма со сочувство по повод смртта на проф. д-р Димитар Мирчев, до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
- Длабоко не разжалости веста дека почина нашиот драг професор и пријател академик проф. д-р Димитар Мирчев. Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од Обединети нации (ЕЦПД), меѓународна образовна и научно истражувачка организација од академскиот систем на ОН ја има честа што долга низа години академик Мирчев на најдобар начин, креативно и посветено, исклучително значајно учествуваше во неговите програми. Придонесот на академик Мирчев во развојот на ЕЦПД е драгоцен и непроценлив, бидејќи со својот интелект и посветениот однос значајно ја збогати дејноста на ЕЦПД. Во овој тежок момент во име на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од Обединети нации и во свое име Ви упатувам најдлабоко сочувство во тагата. Ваша гордост останува сето она што академик Мирчев го направи во својот богат животен и творечки опус, севели во телеграмата со сочувство.
Нам, во ЕЦПД, се додава во телеграмата, ни останува во трајно сеќавање како голем научник, благороден и драг човек и вистински пријател.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати