„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти
Телефонски именик, за кој се верува дека му припаѓал на Адолф Хитлер, е продаден на аукција во Велика Британија за 33.000 фунти, што е двојно повисока цена од очекуваната.
Именикот е пронајден во канцеларијата на Хитлер пред крајот на Втората светска војна и во него рачно се напишани имоњата и телефонските броеби на над 200 лица, меѓу кои се и Хајнрих Химлер, Јозеф Гебелс, Рудолф Хес, Херман Геринг, Алберт Борман и Рајнхард Хајдрих.
Почетната цена на аукцијата на именикот беше 15.000 фунти.
- Ова е уникатен дел од историјата, кој на историчарите и колекционерите им дава пристап до информации за највисоките нивоа на еден од најопасните режими во модерната историја. Бираш лош човек и тој е тука. Единствена личност што ја нема во именикот е Адолф Хитлер, рече претставникот на аукциската куќа Ендру Олдриџ.
Тој појасни дека не може со сигурност да потврди на кого му припаѓал именикот, но дека е очигледно оти тој бил сопственост на некој висок нацистички функционер.
Ново на Сител
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип