Бизнис
25. February 2019 - 19:39

Текстилниот сектор стравува од новото зголемување на минималната плата, Заев вели дека ќе преговараат со бизнис секторот

Ново зголемување на минималнатa плата ќе значи нов удар врз текстилната индустрија која и онака е во лоша состојба предупредуваат од секторот.

Велат дека фирмите  се немаат опоравено од претходното покачување. Стравуваат дека ако повторно порасне минималната плата дел од компаниите особено малите ќе стават клуч на врата.  

Растот на минималецот во текстилнито сектор не ги зголеми и другите плати туку предизвика  израмнување на примањата  на вработените.

Од владата пак посочија дека годинава ќе има ново зголеување. Но за колку сеуште не се зане. Се преговара  со бизнис секторот.

Од текстилната индустрија посочија дека иако им било ветено дека за покачениот минималец во оваа индустрија ќе се плаќаат исти придонеси, тоа не се случило.

Претходно и од Свестка банка предупредија  дека евентуално ново покачување на минималецот  ќе ја продлабочи сивата економија и ќе ја зголеми стапката на невработеност кај младите. Инвеститорите пак посочија дека со  ваквата мерка  Македонија ќе стане помалку атрактива за странските вложувачи.

Минималната плата во моментов  е 12 илјади денари.