Бизнис
20. September 2018 - 20:14

Текстилен кластер: Работниците ќе добијат повисоки плати ако владата ги замрзне придонесите

Платите на вработените ќе пораснат, а текстилните компании ќе станат поконкуретни. Работодавачите од оваа индустрија  сметаат дека со замрзнувањето на приудонесите на нивните  вработени и на оние од кожарската индустрија ќе можат да ги покачат платите , двете гранки ќе заживеат, а ќе се отвори простор и за нови вработувања. Задоволни се што државата се одлучила на ваков чекор.

Вчера вицепремиерот Анѓушев соопшти дека сериозно се размислува да се воведе ваква мерка. Тој е отпимист дека на ововј начин платите на вработените во овие две  гранки ќе пораснат  буџетот нема да се оптовари , а тие ќе  станат поконкуретни на светските пазари.

Инаку  претходно работодавачите од овие сектори предлагаа слична ваква мерка. Но таа неколку пати беше одбиена од државата со образложение дека може да се нанесе штета на пензискиот фонд.