Тегелтија: Расте расположението во БиХ за „мини Шенген“
Претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, смета дека во земјата е создадена атмосфера за прифаќање на иницијативата за влез во „мини Шенген“, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој потсети дека во моментот кога иницијативата „мини Шенген“ беше иницирана од претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, таа не беше поддржана од властите во БиХ и Црна Гора, бидејќи се сметаше дека е потребно да се оди понатаму кон членство во ЕУ, а дека „мини Шенген“ претставува затворање во границите, но посочува дека сега расположението по тоа прашање се менува.
Како што изјави Тегелтија за Танјуг, на Самитот во Софија, креиран е нов т.н. заеднички регионален пазар, кој во суштина презема два проекта – едниот е „мини Шенген“, а другиот е Повеќегодишниот акциски план за регионалн економска област, што БиХ го има потпишано.
-Се надевам дека ова свикување на Европската комисија и лидерите на западните земји ќе ја сменат нивната позиција во однос на Западен Балкан и ќе му овозможат на регионот да стане составен дел од семејството на европските земји, каде што припаѓаме, географски, културно и на секој друг начин, кажа Тегелтија.
Истовремено, тој нагласи дека мора да се искористат сите предности на заедничкиот регионален пазар со цел Западниот Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ, без разлика колку брзо ќе се приклучат земјите.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители