Тажна вест:Почина актерот Николиќ, славниот Гига од „Бољи живот“
Вчера замина уште еден од великаните на поранешната југословенска кинематографија. Актерот Марко Николиќ, напознат по улогата на Гига Моравац од серијата „Подобар живот“ почина во болницата во населбата Звездара во 73-тата година од животот. Веста за неговата смрт ја објави неговата ќерка, Мина со заедничка фотографија на фејсбук и годината на раѓање и смртта на нејзиниот татко.
Марко Николиќ е роден во Краљево на 20 октомври 1946 година. Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Бил член на Народниот театар од 1970 година. Најголем број на улоги одиграл во театарот, на филм и на телевизија. Славата ја стекна со улогата во ТВ серијата „Подобар живот” (1987, 1990), како и улогата на караѓорѓе во неколку ТВ-драми и во серијата „Вук Караџиќ”. Николиќ има остварено многу импресивни улоги и во филмовите „Девојачки мост”, „Ужичка република, „Бошко Буха”, „Петрин венац”, “Дневник на навреди”, „Кордон”.
За исклучителниот придонес во југословенската кинеатографија, во 2012 година ја доби наградата за животно дело „Павле Вујисиќ”. Од телевизиските улоги најпознати му се во “Докторка на село”, „Светозар Марковиќ”, „Шеста брзина, „Среќни луѓе”, „Крајот на династијата Обреновиќ” „Горе Долу”, „Сенки на Балканот”.
Последната улога на телевизија ја оствари во серијата „Погрешен човек”. Високо признание, кое се доделува за извонредни заслуги и достигнувања во јавни и културни активности, Николиќ доби на 14 февруари, мината година на церемонијата по повод Националниот ден на Република Србија.
Интересна епизода од неговиот живот е грабнувањето на авионот на ЈАТ Боинг 727 на релацијата Титоград (денешна Подгорица) – Белград на 26 септември 1981 година. Актерот бил еден од 97 патници во авионот. Киднаперот Боривоје Јелиќ имал намера авионот да го пренасочи да слета во Јужноафриканската република. Планот не му успеал, иако авионот преку Грција, Израел, дошол и до Кипар, каде требало да достават гориво, кога еден од патниците подметнал оган и останатите, меѓу кои и актерот го совладале киднаперот. 33 години подоцна, Николиќ се сретнал киднаперот кој му побарал прошка. Како што изјави Николиќ, тоа му било најдолгото патување кога со купена карта во еден правец посетил три држави.
Ново на Сител
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани