Тажна вест: Почина Златко Трајковски
Златко Трајковски Хинки (р. 1960, Скопје – 2017, Скопје), е уметник кој почнувајќи со своето творештво во средината на 80те години од минатиот век, остави голема трага во новите форми на уметнички практики во Македонија, и е еден од членовите на уметничката група „Зеро“.
Во неговата биографија е запишано следното:
Роден во Скопје, во 1960 година. Студирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (во класата на професорите Димитар Малиданов и Димче Николов).
Од 1986 година почнува да се занимава со колажи, со кои најпрво изведува анимации во видеопроекти, а подоцна ја користи оваа техника самостојно, често внесувајќи ги овие дела во своите инсталации. Од 1987 година се занимава со видео: „Closeness“, 1987 (со А. Станкоски и Х. Попдучев); „The Song of Love“ (со А. Станковски), „Кокино“ (со А. Станковски и Д. Абјаниќ), 1996, „Драма на Прогонот“.
Во 1991 година во Скопје реализира шест перформанси: март, Центар за култура и информации – „За пролетта што нема да дојде“; јуни, Дом на младите „25 мај“ – „Во земјата Мордор“; јули, Куршумли-ан – „Седиште на милосрдието“; октомври, Дом на младите „25 Мај“ – „Ехолалија“; декември, Даут-пашин амам. Во февруари 1995 година, МКЦ – „Ouch Puch“.
Позначајни самостојни изложби: 1988 – Дом на младите „25 Мај“, Скопје 1989 – Дом на младите „25 Мај“, Скопје, „Closeness“ 1990 – Дом на младите „25 Мај“, Скопје (со И. Тошевски) 1993 – Галерија „Мијачки зографи“, Скопје, „Олтар“ 1994 – Музеј на Град Скопје, Скопје 2003 – „Мигдал“ – музичко издание 2006 – Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар Мала Станица, Скопје, „Re4m“, перформанс.
„Благословена сум што те имав и што сѐ уште си мој брат. Го имавме најголемото богатство – нашата взаемна љубов“, напиша во пост на Фејсбук неговата сестра Катица Трајковска – Абјаниќ.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри