Џет-Сет
6. December 2016 - 20:53

Тажна вест: Почина славниот актер од „Игра на тронови“

Британскиот актер Питер Вон, познат по неговата улога во „Игра на тронови“, почина во 93-та година од својот живот.

- За жал, Питер почина околу 10:30 часот утринава. Тој умре мирно со неговата фамилија околу него, изјави неговиот агент Сали Лонг-Инес.

Вон ја започна актерската кариера во 50-те години од минатиот век и стана препознатливо лице глумејќи главно споредни улоги на сцена, телевизија, радио и филм.