Џет-Сет
23. October 2017 - 11:00

Тажна вест: Почина познатиот музичар, ментор на мегапопуларните AC/DC

Австралискиот музичар Џорџ Јанг кој беше ментор на познатата хард рок група ЕјСи/ДиСи почина во 70.година од животот, соопшти денеска групата/

Јанг, роден во Глазгов, но живееше во Австралија а светската слава ја стекна во 60-тите години како гитарист на бендот Изибитс (Easybeats), a "Friday on my Mind" стана голем хит.

Музичарот го напиша и планетарниот хит "Love is in the Air" но ќе остане запаметен по улогата во подемот на бендот AC/DC со учество во албумите "High Voltage", "Dirty Deeds Done Dirt Cheap" и "Let There Be Rock".

Бендот ан својот сајт напиша дека без Јанг, „како музичар, композитор, продуцент и советник, AC/DC не би вил тоа што е“.

Јанг беше брат на основачот на групата Ангус и на Малком Јанг.

Групата AC/DC, основана е 1973. година, и е една од најголемите концертни атракции во светот и автор на еден од најбараните албуми на сите времиња - "Back In Black" (1980).