Џет-Сет
12. December 2017 - 10:34

Тажна вест: Почина познат музичар од култната група „Психомодо поп“

Тапанарот на хрватската поп-панк група „Психомодо поп“, Тигран Калебота почина ненадејно синоќа на 54-годишна возраст, објави бендот на својата Фејсбук страница.

- Драги наши, ненадејно не напушти нашиот тапанар и пријател Тигран Калебота. Во преголем шок сме. Ве молиме за разбирање додека не дојдеме при себе, се наведува во објавата.

Калебота пред само десет дена го прослави 53-от роденден. Тој беше еден од основачите на бендот во 1983 година. Всушнот, музичарот од 1981. до 1983. заедно со гитаристот Смилјан Парадиш - Шпарка свиреа во групата „Нерон“, а со доаѓањето на Давор Гобац во 1983., таа го менува името во - „Психомодо поп“.