ТАВ Македонија со информација за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на маглата
Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања, информира аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија.
Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, посочуваат од ТАВ Македонија, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.
-Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, се навеудва во изјавата од ТАВ Македонија за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на магла.
Ново на Сител
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во кривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда